Цртањето уметнички дела на песочни плажи е нешто што досега сме ви го покажале во повеќе наврати, но вакво нешто ве уверуваме дека не сте виделе досега.
Џејми Харкинс, талентиран уметник и музичар од Нов Зеланд, го исполнува слободното време креирајќи забавни три-димензионални оптички илузии на плажите кои ги оставаат воодушевени случајните минувачи.
Харкинс вешто си игра со перспективата создавајќи илузија дека 2Д илустрацијата е всушност 3Д, благодарение на трикот наречен анаморфоза, а се должи на набљудувањето на делото од одредена перспектива.
Погледнете за какви дела станува збор.