Во неверојатна серија од дигитални илустрации едноставно наречени „Природа“, Игор Морски ја води вашата имагинација на патување помеѓу скриените човечки профили.
Полскиот графички дизајнер го прикажува животот на земјата од еден сосема поинаков агол, односно ја сместува флората во главата на човекот, на тој начин што изгледа како да е неговиот мозок. На останатите фотографии, Морски креира две женски лица создадени од гранки со цел да ја претстави Мајка Природа.