Валерија Лукјанова, го започна трендот меѓу младите девојки во Одеси, со помош на шминка да се претвора во жива барбика, а благодарение на популарноста која сега ја ужива во тек е снимање на документарец за нејзиниот живот.
Филмот го носи името „Space Barbie”, бидејќи, иако многумина тврдат дека поради имиџот изгледа пластично, таа сепак верува дека доаѓа од вселената.
„Она што луѓето не го знаат е дека Валерија не е вистинска девојка, туку духовен гуру кој патува низ времето, а нејзината цел е да го ослободи светот од канџите на површинското размислување и негативната енергија. Валерија или Спејс Барби, не пушти нас во нејзиниот свет, за да ни покаже дека физичкото совршенство е единствениот начин на светот да му се пренесе филозофијата, која ќе го промени човековиот род“, стои во најавата за документарецот.