Три лица украле ајкула од аквариумот во Сан Антонио, Тексас, ја завиткале во мокро ќебе и ја изнеле со бебешка количка.
Украдената ајкула е од видот Heterodontus Francisci и е еднемичен вид кој го има во близина на брегот на Северна Америка.
Во кражбата биле вклучени двајца мажи и една жена, а целата ситуација била снимена преку безбедносните камери.
На снимката се гледа како еден од посетителите ја вади малата ајкула од базенот, ја завиткува во ќебе и ја изнесува надвор, по што ја префрлаат во кофа со вода. Обезбедувањето реагира пред да заминат, но тие успеваат да ги убедат дека се работи за бебе. Едниот од учесниците го задржале и тој признал што се случувало.