Бисерниот фустан со кој што оскаровката Лупита Нионго се појави на доделувањето на музичките награди, бил украден од нејзината хотелска соба.
За изработка на овој фустан од куќата Келвин Клајн биле потребни 6.000 бисери, а истиот чинел 150.000 долари.
Фустанот исчезнал од хотелската соба , додека актерката била надвор од неа, во вторникот.
Од полицијата велат дека ги испитуваат сведоците и истрагата е во тек.
Медиумите пишуваат дека и самата актерка е една од осомничените, со оглед на тоа што овие фустани најчесто не се нивни, туку само ги позајмуваат со цел да ги изрекламираат дизајнерските куќи и секако да изгледаат убаво во нив.