Убиство што го стресе Холивуд – ја убил сопругата, а потоа и себе

Ерл Хајс ја убил својата сопруга и актерка Стефани Мосли, а потоа и себе.

Познатиот рапер ја уби својата сопруга во луксузниот апартман во кој најчесто отседнуваат британски ѕвезди додека престојуваат во Лос Анџелес.

Стефани која глумеше во филмот ‘The Twilight: Breaking Dawn’, била пронајдена вчера наутро.

Сведоците велат дека слушнале пукотници, а за време на убиството Ерл бил на телефон со својот најдобар пријател Флојд Мајветер кој сега се смета за главен сведок. Наводно, Ерл го повикал својот пријател за да му каже дека Стефани го изневерила.

Флојд му велел да се смири, но без успех.

Полицијата ја повикал управителот на хотелот, откако се слушнало пукање и женски вресок, а биле пронајдени две мртви тела. Стефани веќе била мртва, а Хајс се самоубил додека специјалците влегувале во станот.

Еден од соседите рекол дека парот честопати се расправал и дека наводно планирале крај на својата врска.

Славниот боксер Флојд не сакал да зборува за деталите што ги просведочил, но признава дека слушнал се.

Истрагата е во тек.

- Реклама -