Можеби ова не е баш најпрактичен фустан за излегување, но е дефинитивно најлошиот аутфит, дури и за Лејди Гага.
Имено, пејачката во фустан кој е во облик на ѕвезда се појави вчера во Париз, едвај чекорејќи, ако тоа воопшто може да се нарече чекорење.
На Твитер искоментира „Јас сум ѕвезда“.
Во ваков фустан веруваме дека Гага немала проблем со „пробивање“ низ гужва вол клуб, за неа и шанкот веројатно бил празен, бидејќи никој не би се осмелил да и застане на патот.