Австриската престолнина многу пати до сега е прогласувана за најдобро место за живеење во светот.
Виена е богата со архитектура што се карактеризира со шареноликост на различни стилови кои датираат од многубројните историски епохи, почнувајќи од романската Рупретова црква, преку готстката Катедрала Св. Стефан, до градбите од времето на класицизмот и модернизмот.
Посебно треба да се издвои архитектурата на историцизмот (во Австрија нарекуван Време на создавање, на гер. Grunderzeit) која била активна се до крајот на 19 век и која во други градови монархии како Прага и Будимпешта оставила автентично архитектонско обележје.
Примери од овој период се неоготската архитектура, како и посебната интересна и ретка уметност на неорококо, која главно се употребувала во внатрешноста на градбите за обработка на ентериерот. Југендстилот е најдобро воочлив на прочуената зграда Сецесија, станицата на подземната железница Карлов плоштад, како и црквата Св. Леополд на Ото Вагнер.
И културата и уметноста имаат долга традиција во Виена, вклучувајќи ги театарот, операта, класичната музика и ликовната уметност. Виена исто така е и дом на голем број на оперски куќи, вклучувајќи ги театарот на виенската река, Националната виенска опера и Народната Опера на Виена каде што се изведува типична виенска оперета.