Еден фотограф од Романија дал отказ од својата работа и започнал нов живот.
Пред две години, тој го земал својот ранец, својата камера и започнал да патува низ светот (често правена работа во последно време) и започнал да фотографира стотици природни жени опкружени со нивната култура.
Неговиот проект, наречен „The Atlas Of Beauty“, е за разновидноста на нашата планета преку портрети од жени. Патувајќи со многу мал буџет низ 37 земји бил принуден да биде интегриран во сите видови на средини. Сега може да каже, и ние да видиме, дека убавината е насекаде, и дека таа не се должи на козметиката или големината, туку на тоа да се биде свој.
Глобалните трендови не тераат да изгледаме и да се однесуваме исто, но сите ние сме убави бидејќи сме различни. На крајот, убавината е во окото на посматрачот, а посматрачот е секогаш некој друг.