Наводно е откриена тајната за смртта на Елвис Присли.
Тој почина во 1977. година од срцев удар, на 42 годишна возраст на својот имот во Мемфис, а можеби, како пто тврдат некои поради смртоносна комбинација на лекови и алкохол.
Но, наводно се појавија нови информациии според кои на музичката икона, без оглед на начинот на живот, во гените му била запишана прерана смрт.
Документарната серија Dead Famous DNA која се прикажува на британскиот канал Channel4, а ја пренесува The Mirror, ги откри резултатите од детална генетска анализа која покажува дека кралот на рокенрол музиката пател од генетска болест на срцето.
ДНК од неговата коса покажала дека пејачот пател од хипертрофична кардиомиопатија, а симптомите како неправилно отчукување на срцето, замор, несвестица и зголемен крвен притисок се појавиле во последните седум години од неговиот живот.
Косата на која е направена ДНК анализата, била откупена од пријател на фризерот на Елвис за 2.000 долари, но авторите на серијалот тврдат дека е докажана нејзината автентичност.
Водителот и научник Марк Еванс во својата серија трага за ДНК примероци на познати луѓе, од Чарлс Дарвин до Наполеон и Мерлин Монро, потоа ги анализира и вели дека резултатите се фасцинантни.
Истражувачите се согласуваат во едно: да водел поинаков стил на живот веројатно би живеел подолго.