Турција во страв: Се надеваме дека Русија нема да ни ја сопре испораката на гас

„Мислам дека Русија нема да ја сопре испораката на гас. Имаме заеднички обврски кои се регулираат според меѓународното право“, изјави Давутоглу.

Премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу денеска изјави дека не очекува дека Русија ќе ја сопре испораката на гас до Турција, но и дека Анкара сепак е подготвена и за такво сценарио.

n_77881_1

– Не мислам дека Русија ќе ја сопре испораката на гас. Имаме заеднички обврски кои се регулираат според меѓународното право, рече Давутоглу.

На Министерството за енергетика на Турција наложено им е да пронајдат алтернативи во случај да биде прекината испораката на гас од Русија, наведе тој.

-Нашиот народ ќе покаже пожртвуваност за татковината и за честа, рече Давутоглу во интервју за телевизискиот канал  Хабертурк и Шоу ТВ.

- Реклама -