Иако никаде на Балканот, засега не било споменато, Турските медиуми пренесуваат дека пејачката, актуелен член на жирито на X Factor, Eмина Јаховиќ е тешко болна.Наводно, таа добила опасен вирус, па итно била префрлена во болница.
Турскиот портал Haberevet.com напишал дека на Емина ѝ се слошило дома и дека повикала брза помош, каде добила инјекција против грипот H3N2.
По повод овие гласнини , Емина на својот Фејсбук-профил ја демантирала оваа вест:
„Драги мои, турските весници прво напишале,а тогаш нашите пренеле дека сум добила некој тежок вирус на грип…веста не е точна, му благодарам на Господ добро сум!“