Нов мјузикл со тема на работата на иконкиот рапер Тупак Шакур ќе се отвори во Бродвеј на 19-ти јуни, само три дена по неговиот роденден, кога би требало да полни 43 години.
Напишано од Тод Креидлер и во режија на Тони кандидатот Кени Леон, ‘Holler If Ya Hear Me’ е опишана како „оригинална, не-биографска приказна за двајца другари во внатрешноста на градот во Мидвест.“
Насловот доаѓа од автобиографската песна напишана од Тупак за неговиот втор соло албум во 1993-та година, според американските медиуми.
Оваа продукција доаѓа две години по феноменалната одлука Тупак да изведува на Coachella Music Festival во холограмска форма на сцена со Снуп Дог и Д-р Дре.
Во музичкото видео зад продукцијата, девојка ја сведочи смртта на својот татко, барајќи пари да купи пиштол и собира пријатели за да може да се одмазди за смртта на татко си.
Шоуто нема да се обиде да ја раскаже кратката и насилна приказната на Тупак, но ќе понуди прозорец кон реалноста на улиците која е присутна и релевантна и денес.
Тупак беше фатално ранет во престрелка во Лас Вегас на 7-ми септрември 1996 година. Беше прогласен за мртов после шест дена.