Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан, го ангажирала црногорецот Марио Дедивановиќ да ја шминка за свадбата со Канје Вест.
– Ким никогаш не била луда за многу бои, ниту пак да експериментира. Секогаш изгледа едноставно и преубаво- рекол Дедивановиќ, кој и на претходната нејзина венчавка бил одговорен за нејзиниот изглед.
Покрај идната госпоѓа Вест, тој има соработувано и со бројни светски ѕвезди, како што се Лил Ким и Жизел Бундхен, но често истакнува дека Ким е негова муза.
Ким и Канје Вест се откажаа од венчавката во Париз, но затоа на 24 мај ќе подготват гламурозна прослава во прекрасниот замок во Фиренца, Белведер од 16-тиот век.
– Телевизијата нема да ја пренесува венчавката, како што некои најавуваа. И не е вистина дека имаме над 1.600 гости. Нашата венчавка ќе биде мала и интимна прослава- рекла Ким, која е во одлична форма за овој настан.