U2 го промовираше својот нов спот за песната „Invisible“, во режија на Марк Романек.Видео записот е црно – бел, а песната е дел од хуманитарната кампањата RED чии средства одат во фондот за превенција од ХИВ вирусот, а за секое нејзино преземање на сервисот iTunes, Bank Of America ќе уплати на сметката на RED по еден долар.
Новиот албум на U2 треба да излезе оваа година, по пауза од пет години.