Цел живот се дрогира, а заврши во болница поради убод од комарец

Проблематичната актерката Линдзи Лохан поминала неколку денови во болница во Лондон, откако се здобила со редок вирус за време на престојот во луксузното одморалиште Бора Бора.

Имено, Лохан била касната од комарец кој и го пренел вирусот Chikungunya, што предизвикува треска, висока температура и слабење на имунитетот.

Како што јавуваат странските медиуми, Линдзи била во толку лоша состојба што привремено била неподвижна. По неколкудневен надзор на лекарите во болницата Крал Едвард, актерката е пуштена на домашно лекување.

 

- Реклама -