Илустраторката и мајка на две деца Лине Северинсен од Берген, Норвешка е автор на забавна серија на илустрации кои претставуваат некои од предизвиците во секојдневниот живот на бремените жени.
Лине почнува да ги создава илустрациите во 2012 година, додека самата таа била бремена. Потоа продолжува со серијата по кратка пауза, во исчекување на своето второ дете.
Судејќи според тоа дека се создадени од жена која поминала низ фазата на бременост, истите претставуваат одличен сликовит пример за тоа со што сè се соочува жената во периодот на бременоста.