Трите најлоши хороскопски знаци за мажи

Постојат мажи со ужасни карактери, поради кои дури и најпознатите мили домакинки се принудени да леат солзи секој ден поради нивниот темперамент и недостатокот на осет. Еве и кои се петте најлоши машки хороскопски знаци кои астролозите советуваат дека е подобро да ги избегнувате:

Шкорпија

Шкорпијата е кралот на најтешките карактери. Овој знак зема се што сака и кога сака, без да се усогласи со никого.Има жесток јазик, големо его и ниту грам желба да отстапува од своите намери. Знаат да бидат многу лоши кон партнерот – злобно љубоморни, опседнати и безмилосни. Со огромно задоволство казнуваат. Често се однесуваат кон луѓето како кон свои предмети.

Овен

Конфликтна, импулсивна и бескрупулозна личност. Мажот Овен не мисли за последиците и може да истрела 10 погрдни зборови во секунда и да ве сруши психички само за ден. Воопшто не му е гајле за мислењето на луѓето, бидејќи тој е секогаш во право, а другите или не го разбрале, или едноставно грешат. Има огромни барања за сè и кон секого. Тој нема да пројави желба да разговарате со него за било каков проблем . Да се разбереш со Овен е многу тешка задача. А дури и да успееш, мирот ќе продолжи максимум 2-3 дена. Потоа тој повторно тргнува со роговите напред во потрага по нова жртва која начесто е неговата животна сопатничка.

Јарец

Мажите Јарци се исклучително независни. Храбри се и ги бранат своите ставови до крај. Воопшто не се загрижени дека може да тргнат против нив сите останати. Тврдоглави се и навистина е тешко да ги натерате да направат нешто што не сакаат. Тој ги презира луѓето, особено оние што се на понизок статус во општеството.

- Реклама -