Жените се познати како големи модни експерти, но што е со мажите? За жал, тие често знаат да погрешат.
Мажите често ги повторуваат истите грешки кога облекувањето е во прашање. Иако не се многу заинтересирани за комбинирање и следење на најновите модни трендови, некои одредени правила би требало да се почитуваат.
Опуштено или невнимателност?
Тренерки и спортски патики се одличен избор за удобност. Лежерноста и опуштеноста се пожелни, но различни прилики бараат и поинаква гардероба. Затоа ако поминувате многу време во спортска облека, оставете ја во орманот кога ќе тргнете на состанок со девојката.
Премногу сјај не доаѓа предвид
Натписите на маиците кои се видливи од километар сигурно ќе привлечат погледи кај понежниот пол, но тие погледи нема да се задржат долго. Сјајните и блескави апликации жените ги сакаат само на својата гардероба.
Премногу откриено
Маиците со длабок В израз, како и раскопчани кошули речиси до стомакот може да изгледаат крајно невкусно на машкото тело. Правило е дека треба да откриете доволно, но не и премногу затоа што тоа е рецепт за секси изглед. Подобро изберете облека која ќе истакне некои други атрибути.