Со доаѓањето на летните горештини невозможно е да не се потите повеќе од вообиченото, бидејќи така телото се ослободува од вишокот на топлина.
Потењето е нормална и здрава појава но понекогаш може да ни предизвика проблеми и да нѐ стави во непријатна ситуација. Во борбата против претераното потење природните продукти честопати се поефикасни од козметичките препарати.
Масло од црн ким
Маслото добиено со цедење на индискиот црн ким делува против бактериите и гливичните заболувања, при што помага кај прекумерното потење.
После туширањето маслото намачкајте го по рацете од прстите до рамената и секако под пазувите.
Чај од жалфија
Од лековитите материи кои ги содржи жалфијата, во борбата против потењето голема улога играат нејзините жолто зелени етерични масла, смолата и танинот.
Една кафена лажичка жалфија ставете во шолја превриена вода, оставете ја да отстои неколку минути, исцедете ја и испијте ја. Овој чај делува како природно средство кај прекумерното потење, а е едно од најдобрите средства против ноќното потење. За видливи резултати чајот е потребно да се пие две недели, по литро на ден.
Јаболков оцет
Јаболковиот оцет делува како природен дезодоранс зошто ги уништува бактериите. Доволно е еднаш на ден со него да се пребришат пазувите.
Сува крпа намокрете ја со јаболков оцет и пребришете ги површините на телото кои најчесто ви се потат. Да го спречите потењето на стапалата, два до три пати неделно направете купка со 2 литри топла вода и 75 милилитри јаболков оцет, натопете ги стапалата во купката и држете ги најмалку 15 минути. Ќе бидете изненадени од резултатот.