После ужасот за секоја млада жена, кога на нејзините фотографии се виде јасно седа коса, принцезата Кејт одлучила да се размази со скап, 6-часовен третман кај својот познат стилист.
По порепорака на својата сестра Пипа, кој е редовен клиент, принцезата Кејт Мидлтон одлучила да го посети познатиот салон за да направи „освежување„ на својата коса. Луксузниот спа третман за коса за кој се одлучила Кејт трае дури 6 часа, а чини околу 50 000 денари (800 евра). Стилистот Росано Ферети познат по својот метод на шишање, кој подразбира употреба на специјални рачно изработени ножици.
Но откако го претрпе ужасот да биде видена со седа коса на неодамнешното официјално појавување, војвотката од Кембриџ не штедела време ниту пари за да го обели својот образ ширум светот позната по својата беспрекорна фризура.
„Кејт се одлучи да се почасти со вистински третман за мазнење на косата. Кога била готова нејзината коса изгледаше прекрасно, косата ѝ беше цврста, мека и изгледаше неверојатно“, открил извор за Royal Watch.
Сега кога познатите кадрици на Кејт блеснаа во полн сјај, Кејт е спремна за црвениот тепих, по кој ќе чекори вечерва во Лондон, на премиерата на филмот „Мандела: Долгиот пат до судбината“.