По тешката сообраќајна несреќа во Њу Џерси, докторите се уште се борат за неговиот живот.
Според најновите информации од американските медиуми актерот бил во автомобилот со асистентот Џефри Милет и пријателите Ардиејем Фуго, Џејмс Мекнеир и Харис Стентон. Во моментот на несреќата во лимузината биле и двајца возачи.
По верижен судир на автобус, камион со приколка и уште шест возила, лимузината во која бил познатиот актер се пресвртела на патот.
Џејмс Мекнеир, 62-годишен комичар од Њујорк, еден од авторите и близок пријател на Трејси Морган, беше убиен на лице место.
Морган се уште е во критична состојба, заедно со двајцата други патници кои беа со него во автомобилот.
„Трејси се уште е во критична состојба. Не очекуваме денес да има промена во неговата здраствена состојба“, изјави неговиот потпарол.
Морган и други комичари се враќале од настао ви Делавер. Пет часа пред несреќата, Морган објавил на Инстаграм фотографија под која напишал: „Вака изгледа од сцена кога гледате овации од 1500 луѓе на нозе. Животот на пат е добар живот! #tracymorgan”.
Сопругата на Морган, Сабина, рекла дека актерот не е при свест и дека има скршена нога, но докторите ја увериле дека ќе се опорави, пишува New Yord Daily News.
До несреќата дошло во моментот кога еден од камионите удрил во лимузината во која бил актерот. Возачот на камионот не приметил дека сообраќајот пред него забавил додека не било премногу доцна, објаснила полицијата. Поднесена е тужба против камионџијата со обвинување дека заспал на волан.