Винс Вон и Овен Вилсон повторно се соединија после успехот на „Wedding Crashers“, и тоа за најновото филмско остварување на режисерот Шон Леви, „The Internship“. Според тоа што може да се види во трејлерот, и овој пат соработката на „дуото“ ветува успешна комедија. Со оглед на тоа што филмофилите со нетрпение го очекуваат и најновото продолжение на „The Hangover“, како и филмот „This Is The End“, се чини дека на повидок е лето исполнето со добри комедии. Премиерата на „The Internship“ е закажана за 7-ми јуни.