Трејлер за „Балканот не е мртов“

Премиерата на „Балканот не е мртов“ во режија на Александар Поповски е закажана за 18 октомври во кино Милениум.

„Балканот не е мртов“ беше прикажан на минатогодишното издание на фестивалот „Браќа Манаки“, беше најавена и скопска премиера, но филмот беше повлечен. Продуцентот Роберт Насков тогаш изјави дека имале проблеми со тонот и филмот бил вратен на доработка.

Главните улоги ги играат Никола Ристановски, Драгана Костадиновска, Јордан Симонов, Раде Шербеџија, а музиката е на Кирил Џајковски.Филмот е работен по истоимениот драмски текст на Дејан Дуковски.

1905 година. Европа го достигна зенитот на славата ….Европејците се вџашени од технолошките достигнувања на Хенри Форд и браќата Рајт. Чудото со сликата во движење на Џорџ Молие и појавувањето на Сара Бернар ги забавува европските градови. Паради на радост и луксузни партии … Создадени се нови скулптури, нови споменици, нови архитектонски гиганти се изградени насекаде. Европејците ја поздравуваат новата епоха која конечно ќе го обедини стариот континент, да стави крај на војните и донесе радост, напредок и благосостојба на човештвото. Во исто време, далеку на Балканот, големата Отоманската империја се распаѓа.

Прочитајте и:  Премиера на претставата „Секогаш Последни“

[youtube]http://youtu.be/yICfd-C150w[/youtube]

- Реклама -