NBC ја започна промотивната кампања за најновата серија на Брајан Фулер „Ханибал“, која ќе се емитува една сезона која засега има 13 епизоди.
На серијата и предходи култната екранизација на романот на Томас Харис „Кога јагнињата ќе стивнат“, а данскиот актер Мадс Микелсен (Casino Royale) ќе го наследи легендарниот Ентони Хопкинс во насловната улога на брилијантниот канибалистички психијатар. Остатокот на екипата е сочинет од познати имиња. Хју Денски го глуми Вил Грем, агентот на ФБИ, Лоренс Фишберн е ФБИ агентот Џек Крафорд, Каролина Давернас е ФБИ консултант а Џилијан Андерсон има гостувачка улога како психијатар на Лектор.
Премиерата е закажана за 4-ти април.
[youtube]http://youtu.be/OWg4d6LRHVU[/youtube]
[youtube]http://youtu.be/A8wtq5M7RrA[/youtube]
[youtube]http://youtu.be/g5-c6RGgVcw[/youtube]