Трагично и иронично: Се удави иницијаторот на „полевањето со вода“

Кори Грифин  беше еден од иницијаторите на хуманитарната акција „ice bucket challenge“ со која што успеа да собере 100.000 долари за заболените од АСЛ (амиотрофична латерална склероза).Тој се удавил во вода по скок од зграда во Нантакет, во два часот по полноќ.

grifinn500

Имено, неговото тело го  извлекол спасител, кој во моментот на несреќата бил во близина.

Грифин, имал 27 години и работел за една њујоршка финансиска фирма, а бил познат по организирање на хуманитарни акции.

„ice bucket challenge“ се приклучија многу познати личности, а речиси секојдневно има видео во кое јавна личност си истура вода врз главата вклучувајќи се во акцијата.

Минатиот месец во САД, благодарение на оваа кампања собрани се 15, милиони долари во донации.

- Реклама -