Товарен брод со екипаж од 10 членови исчезнал од радарот во близина на Истанбул, во Црно Море. Започната е потрага.
Турските медиуми брзо ја пренесоа веста за исчезнатиот товарен брод, додека од страна на поморските служби е започната акција за потрага по истиот, откако веќе подолго време не биле забележани сигнали на радарите.
Според наводите на поморските служби, бродот исчезнал во близина на брегот Сила.