Торта во три бои за сите љубители на чоколадото

Овој превкусен десерт изгледа навистина убаво, а неговата внатрешност ќе ги освои сите љубители на чоколадото бидејќи содржи црна, бела и млечна чоколада.

Состојки за кората:

– 150 г. црна чоколада
– 60 г. путер
– 3 јајца
– лажица брашно
– 3 лажици шеќер

За три фила:

– по 100 г. бела, млечна и црна чоколада
– пола кесичка ванилин шеќер
– 500 г. немасен кремсир
– 2 лажички шеќер
– 500 мл. слатка павлака

За прелив:

– по 50 г. млечна и црна чоколада
– коцка путер

IMG_9578

Подготовка:

Со миксер изматете ги жолчките и шеќерот, додадете ја чоколадата стопена на пареа со путер, а потоа измешајте го брашното со цврстиот шлаг кој претходно сте го направиле од белките.

Тестото сипете го во заоблен плех и печете во рерна на 160 степени околу 40 минути.

Секое чоколадо посебно топете го на пареа, а во белото додадете го и ванилиниот шеќер. Кремсирот изматете го со шеќер, па измешајте го шлагот од слатка павлака. Кремот поделете го на три дела, во едниот додадете ја стопената црна, во другиот белата, и во третиот млечната чоколада. Оладената кора намачкајте ја прво со млечниот, потоа со белиот и на крај со темниот фил.

Оставете да се излади тортата, прелиете ја со стопено млечно и темно чоколадо со коцка путер, украсете по желба, и уживајте!

- Реклама -