Топлес убавицата планира да стане жена-бренд

Младиот британски модел Емили Рајтаковски која се прослави со улогата во контроверзниот спот за песната „Blurred Lines“, очигледно извлече многу бенефиции од истиот.

Имено, со оглед на тоа што читателите на престижниот магазин „Esquire“ ја прогласија за жена на годината, таа изјавила дека е на добар пат да постане „познат бренд“.

На прашањето на „Њујорк Тајмс“ за тоа како таа гледа на нејзината кариера во иднина, популарната убавица изјавила: „Без разлика дали станува збор за некој парфем, филм или едиторијал, секогаш станува збор за делот кој се однесува на мене, и делот кој произлегува од самиот проект. Поради ова, планирам да постанам вистински бренд.“

Емили е родена пред 22 години во полско-британско семејство на уметници.

Emily-Ratajkowski-5