Исланд е една од најбогатите земји со природни богатства.
Толку многу природни чуда има тука. Се наоѓа на речиси сите светски топ листи на патување, па ви претставуваме листа од 10 убавини на Исланд.
10. Гледање китови
Нежните морски гиганти можат да се видат од различни локации на земјата, вклучувајќи го Рејкјавик. Неколку компании организираат 2-3 часовни тури на гледање на китови. Луѓето во Исланд исто така ловат китови, па може и да нарачате и во ресторан. Сурово, но тоа е живот. За оваа глетка се препорачува посета од мај до септември.
9. Гејзери
Поради вулканските активности под површината, многу гејзери, подводни извори и термални базени се распространети насекаде низ земјата. Да се види моќно изфлање на топла вода високо во воздух е дефинитивно возбудливо.
8. Landmannalaugar
Шарената риолитска планина, полиња на лава и вулканот Хекла го прави ова место популарна туристичка дестинација. Впечатливите пејсажи изгледаат како од друга планета. Прошетки и јавање се меѓу најпопуларните активности тука.
7. Maelifell Volcano, Myrdalsjökull Glacier Park
Совршен конусен изглед има вулканот Maelifell. За време на топлата сезона, под снегот се открива раскошна зелена површина, покриена со мов. Има многу за правење и гледање во паркот, полн со вулкани, топли извори и други убави места. Летниот период е најдобар за посета.
6. Kirkjufell Mountain
Во близина на малиот град Grundarfjörður во западен Исланд, планината прекрасно се издвојува во пејсажот на рамнина. Во околината на впечатливата планина може да се најдат мали водопади и да се восхитува и ужива на поларната светлина во текот на ноќта.
5. Skaftafell Ice Cave, Vatnajökull National Park
Земјата на мразот- земјата е буквално покриена со мраз и снег. Изобилната убавина на ледените пештери привлекуваат авантуристи. Туристичките агенции организираат патувања до гелчерите, од каде пештерите можат да бидат посетени. Се препорачува посета во зима кога мразот не се топи и е безбедно да се влезе.
4. Сината лагуна, Гриндавик
Геотермалната спа нуди најрелаксирачко природно капење и е најпримамливата атракција, која се наоѓа само 40 минути од Рејкјавик. Водата од подводните извори достигнува температура од 37-39 °C и има бенефиции на здравјето и кожата.
3. Аурора Бореалис
Северниот феномен е исто така меѓу најпопуларните атракции. Блескавите светла се особено светли оваа година, со оглед на зголемената соларна активност. Поларната светлина најдобро се набљудува во оддалечените места, подалеку од урбаните светла. Препорачливо за посета од средината на септември од средината на Април.
2. Hallgrímskirkja
Единствената црква која е ситуирана во средината на Рејкјавик. Тоа е највисоката и најпрепознатливата зграда во земјата. Архитектурата била инспирирана од Црните водопади- уште едно природно чудо во Исланд.
1. Gullfoss Waterfall
Прекрасниот водопад е еден од најпопуларните атракции во земјата. Лоциран во кањон, кој формира три степенасти тераси, реката Hvítá се влева создавајќи силен поток и Gullfoss. Најсилни се во лето.