Топ 10 најдобри места за посетa во Октомври

Го планирате вашиот следен одмор за овој месец?

Размислете за некои од овие прекрасни локации, кои нудат големи есенски знаменитости и бројни културни фестивали во Октомври. Со оглед на тоа што има помалку туристи во овој период од месецот, така ќе ја избегнете големата толпа и долгите редици. Кое од овие места би сакале да го посетите?

10. Колонија дел Сакраменто, Уругвај

Основана од страна на Португалија во 17-тиот век, што го прави најстариот град во Уругвај, Колонија е прогласена за светско наследство на УНЕСКО. Темпото е многу побавно од главниот град Монтевидео. Патем, за време на Días del Patrimonio во октомври, на посетителите им е даден слободен влез во цркви, музеи и историски објекти.

Top 10 October-Colonia

Top 10 October-Colonia-Photo by Fefo Bouvier

Top 10 October-Colonia-Photo by Shakira Duarte

9. Инстанбул, Турција

Изобилството на туристи во овој извонреден град е намален во октомври. Тоа значи дека редиците пред музеите и архитектонските споменици се пократки. Исто така, можете да ги запознаете нивните обичаи подобро, додека локалното население ужива во потивкиот град. Покрај архитектонското и културното наследство, тука ноќниот живот е богат.

Top 10 October-Istanbul

Top 10 October-Istanbul2

Top 10 October-Istanbul3

Top 10 October-Istanbul-Photo by Alexander Ulbrich

8. Леобо приватен резерват, Ватерберг, Јужна Африка

Ексклузивен резерват во Палала долината го нуди највозбудливиот одмор: авантуристите можат да го истражат богатиот див свет, археолошката историја и фасцинантните Бушман слики. Покрај сите прирорни богатства присутни во долината, постојат и бројни активности во резерватот. Највозбудливото е кулата за опсерваторија, обезбедувајќи поглед кон неверојатното ноќно ѕвездено небо.

Top 10 October-Leobo

Top 10 October-Leobo3

Top 10 October-Leobo4

Top 10 October-Leobo2

7. Бусан, Јужна Кореа

Вториот најголем град станува центар на атракција во октомври, кога во Бусан се одвива фестивалот на огнометот. Храмот Беомеоса е сместен на еден рид и е опколен со разнобојна шума, и нуди одличен панорамски поглед. Исто така, интернационалниот филмски фестивал и Биеналето уметностите претставуваат различни дела од локачни и меѓународни уметници.

Top 10 October-Busan2

Top 10 October-Busan-Photo by Christian Oey

Top 10 October-Busan

6. Малта

Медитеранскиот остров е атрактивна комбинација од големи плажи, чиста вода и разни културни активности. Октомври е совршен за планинарење и качување по карпи, со поглед на прекрасните заливи. Непотребно е да се каже дека спортовите како Азурен прозорец се помалку во гужва отколку во лето. Исто така, живата музика, изведувачките уметности и фестивалите на храна завземаат место во текот на овој месец во главниот град на Валета.

Top 10 October-Malta-Photo by Mo El Makrani

Top 10 October-Malta-Photo by Tetyana Moshchenko

Top 10 October-Malta2

Top 10 October-Malta

5. Јужна Луангва националниот парк, Замбиа

Една од најпознатите резервати на див свет во Африка, паркот е дом на жирафи, слонови, бафало, крокодили и нилски коњи. Небото е најчисто и климата е неверојатно пријатна во октомври, што го прави одличен месец за одење на сафари. Паркот е пионер и најдоброто место за пешачење на сафари. Искусните водачи овозможуваат возбудлива авантура.

Top 10 October-Zambia

Top 10 October-Zambia5

Top 10 October-Zambia4

Top 10 October-Zambia3

Top 10 October-Zambia2

4. Бали, Индонезија

Непосредно пред сезоната на дождови, на 27 степени целзиусови, времето во октомври е нежно и пријатно. Има помалку туристи, па хотелите се поефтини. Исто така, постојат многу возбудливи фестивали: од почитуваниот интернационален фестивал Убуд Писатели и Читатели, до Бали фестивалот и Балинали- интернационалниот филмски фестивал.

Top 10 October-Bali-Photo by Viceroy Bali

Top 10 October-Bali2

Top 10 October-Bali-Photo by Justin Carmack

Top 10 October-Bali-Photo by Ayana Resort & Spa

3. Баган, Мјанмар

Античкиот град, основан околу 9-тиот век, Баган некогаш бил срцето на Паганската империја. Се уште воодушевува со очигледната слава. Октомври е најдоброто време за истражување на илјадниците будистички храмови, расфрлани низ бујната околина. Не е премногу топло или влажно во ова време од годината, и е со помалу гужва.

Top 10 October-Bagan-Photo by Anuparb Papapan2

Top 10 October-Bagan

Top 10 October-Bagan-Photo by Anuparb Papapan

2. Шлегеис апскиот пат, Шлегеис езеро, Тирол, Австрија

13,3 километарскиот пат минува низ најживописната Зилертал долина. Впечатливото место е полно со големи пространства, езера и панорамски погледи. Качувањето и планинарењето во оваа неверојатна околина се едни од најпопуларните активности. Патот е отворен од мај до доцен октомври, и е дефинитивно вреден за посета.

Top 10 October-Schlegeis

Top 10 October-Schlegeis2

Top 10 October-Schlegeis3

Top 10 October-Schlegeis-Photo by Marina Viti

1. Вирџинија, САД

Американската држава е опфатена од најколоритното и импресивно зеленило во октомври. Кинематографската убавина на долини и шуми е волшебна. 169 километри долгиот Skyline Dive, кое поминува низ Блу Риџ планините, е едно од најпопуларните патчиња во Северна Америка.

Top 10 October-Virginia-Photo by Geoff Greene

 

Top 10 October-Virginia-Photo by MetroDCPhotography2

Top 10 October-Virginia-Photo by MetroDCPhotography

Top 10 October-Virginia

 

- Реклама -