Никол Кидман – мај 2004 година
Кидман е свртена со грб, а фустанот е прекрасен.
Лејди Гага – март 2011 година
Лејди Гага е толку ексцентрична што речиси веднаш откако се појави на сцената, беше поканета да се фотографира за Vogue.
Мишел Обама – март 2012 година
За прв пат прва дама беше на насловната на Vogue. По Џеки Кенеди, Мишел Обама е првата претседателска сопруга во САД, која се смета за моден репер.
Лена Данам – февруари 2014 година
Таа е сценарист, режисер и продуцент на една од најгледаните емисии на HBO – GIRLS.
Ким Кардашијан и Кание Вест – април 2014 година
Ова е една од најкритикуваните корици. Кание Вест е пријател на Ана Винтур и мнозина ја прекоруваат уредничката дека ги поканила само за да ги задоволи каприците на Кардашијан.