Списанието Vogue е едно од највлијателните модни списанија во светот, а главен уредник е Ана Винтур, една од најпознатите дами во историјата на модата. Секој месец обожавателките на Vogue се прашуваат кој ќе биде на следната корица?
Да се сликаш за насловната на Vogue е исклучителен престиж. Често корицата е провокативна и предизвикува дискусии во јавноста .
Погледнете 10 од најнезаборавните корици на списанието во текот на годините:
Очите на моделот, април 1954
Во тоа време за корицата не бил важен фотошоп, таа требало да има уметничка вредност. Многу од кориците биле само со цртежи.
Хелмут Бергер и Мариса Беренсон, јули 1970 година
Фотограф е Дејвид Бејли. На прв поглед оваа корица изгледа досадно, но важно е тоа што Бергер е првиот маж на насловната страница на списанието, кое до тогаш објавувало само жени. По него имало и други мажи како Елтон Џон и Маноло Бланик.
Принцезата Дијана – август 1981 година
Принцезата Дијана била толку посакувана фигура што каква и да е корицата со неа, магазинот би требало да се продаде како топол колач. Дијана била на корица на Vogue цели три пати. Оваа слика е точно по нејзината свршувачка со Принцот Чарлс.
Моделите за 100-тиот број на списанието – април 1992 година
На оваа корица се 10 од најпознатите модели на 90-тите години-Синди Крафорд, Кристи Тарлингтон, Клаудија Шифер, Наоми Кемпбел, Линда Еванџелистаи др.
Жизел и Роби Вилијамс – октомври 2000 година
Во 2000 година оваа корица беше многу скандалозна. Ретко на насловната на Vogue се појавуваат мажи, а на сето тоа Вилијамс е гол. Жизел пак носи многу разголен костим со британското знаме.