Од апликации кои ќе го најдат најефтиниот продукт до оние кои ви плаќаат за вашите посети, Money Mail состави листа на најдобрите апликации кои заштедуваат пари.
1. Red Laser
Апликацијата наречена Red Laser може да дознае дали она што сакате да го купите се продава на друго место за поефтино. Кликнете на копчето, држете го телефонот над бар-кодот на продуктот (ако неможе да скенира можете рачно да го напишете кодот), а потоа споредете ги цените на интернет.
2. Vouchercloud
Vouchercloud бара попусти во трговските центри, трговците на мало и ресторани. Истото важи и за он-лајн купувањето.
3. Wotwine
Сакате да ја знаете разликата од 2005 Бордо од друго шише вино? Wotwine може да ви ги даде потребните информации за полесно да одберете за вас правилно вино. Едноставно скенирајте го бар-кодот на шишето и споредете дали е фер понудената цена, во споредба со коментарите.
4. CamelCamelCamel
Цените на некои продукти на Амазон можат да се менуваат брзо. CamelCamelCamel (веб-сајт) ви овозможува да не купите нешто кога е најскапо. Ги следи цените и ви кажува кога се зголемуваат или намалуваат.
5. Mysupermarket
Со толку многу супермаркети и толку многу понуди, може да биде предизвик да забележите дали сте платиле екстра во вашата неделна продавница. Апликацијата Mysupermarket ќе ви помогне да ги најдете најдобрите понуди додека лутате по маркетите.
6. Whatsapp
Симнете ја Whatsapp апликацијата пред вие или близок оди на одмор. Ви дозволува да пишувате пораки насекаде низ светот бесплатно, користејќи интернет.
7. Swagbucks
Swagbucks веб-сајтот плаќа за вашите мислења. Завршете го прегледувањето, погледнете видео или употребете ја алатката за пребарување и веќе сте заработиле поени наречени Swagbucks. Кога ќе заработите доволно, можете да ги замените со ваучери во големите продавници.
8. Fieldagent
Уште една апликација која плаќа за вашите прегледи. Со ова ќе станете истражувач на маркетот.
9. Mazuma Mobile
Mazuma Mobile е веб-сајт кој плаќа за вашиот стар мобилен телефон. Можете само да одберете кој телефон сакате да го продадете и да изјавите дали е скршен или исправен. Веб-сајтот ќе пресмета цена за истиот.
10. TicketySplit
TicketySplit е супер апликација и веб-сајт за секој кој редовно резервира билети за воз. Таа ќе ви го каже најефтиниот билет за вашата дестинација.