Тон пудра и несоодветни обувки. И таа може да погреши

Кога таа ќе пронајде нешто што навистина и се допаѓа, тешко и е да се откаже од истото.

Имено, 34-годишната Кортни, на премиерата на анимираниот филм „Thomas & Friends: King of the Railway“, се појави заедно со синот Мејсон во цветен, речиси проѕирен фустан, црна голема шапка, и старите и добро познати римјанки кои постојано ги носи за дневните прошетки.

И како сево ова да не изгледаше доволно достојно за една филмска премиера, настарата Кардашијан сестра имаше нанесено толку многу пудра на лицето, што речиси и да наликуваше на дух. Бледо и неприродно.

Иако Кортни е позната по нејзиниот одличен моден вкус, мора да се признае дека овој пат малку скршнала од патот.

- Реклама -