Том Јорк, основачот и лидер на бендот „Radiohead“, доаѓа на „Егзит“ со неговиот нов бенд, „Atoms for peace“, во кој покрај него се и Фли, басистот од „Red hot chili peppers“ и Џои Варонкер, тапанистот на REM.
Покрај нив, како дел од овој проект е и бразилскиот перкусионист Мауро Рефоско и Најџел Годриќ, продуцентот на „Radiohead“ кој свири на клавијтури и синтисајзер.
„Сите сме многу возбудени што заедно со публиката на „Егзит“ фестивалот ќе имаме единствена прилика да слушнеме еден од најбараните музички состави за оваа година“, изјавил Душан Ковачевиќ, стратешки директор на фестивалот кој оваа година ќе се одржи од 10-ти до 14-ти јули.
„Atoms for peace“ ќе го издаде својот деби албум „Amok“ на 26 февруари, а сите песни се веќе поставени на интернет. Критичарите изјавија дека албумот е некарактеристичен за Јорк и дека тоа е неговото најтопло и највесело издание до сега, со помалку футуристички, а повеќе енергични звуци. Воедно, тие не се штедеа и со пофалбите за ова освежување.
Листата на фестивалот Егзит полека почнува да се пополнува. За сега е познато дека на сцената ќе се најдат Снуп Дог, ДЈ Фреш Лајв, Прототајпс, Брукс Брадерс и други.