„The metal knight“ е новиот албум на легендарниот актер, кој во својата долга кариера има играно во повеќе од 300 филмови и други остварувања.
Популарниот Саруман од „Господарот на прстените“, односно Темниот тиранин од „Војна на ѕвездите“, инспирација побарал во книжевноста, па ликот на Дон Кихот е централната фигура во неговиот нов албум.
„Што се однесува до мене, Дон Кихот е „најметал“ лик на светската литература. Сам се обиде да го промени светот, без да обрнува внимание на ризиците и опасностите“, рекол Ли.
Актерот кој неодамна го прослави својот 92-ри роденден во неговата кариера бил поручник на воздухопловството во Втората светска војна, добил титула витез, има играно во некои од иконските филмови на светската кинематографија, има објавено неколку метал албуми… Тој навистина знае како да живее!
Ли за метал музиката се заинтересирал пред околу десет години, кога соработувал со еден италијански бенд од тој жарн.
„Хеви метал за мене е исто како и фантасична литература. И двете уметности имаат неверојатна моќ да ве пренесат во друг свет“, рекол актерот.