Кејли Куоко, најпозната како Пени од серијата „Биг Бенг Теоријата“ конечно призна дека ги зголемила градите.
Кејли која минатата година се омажи за тенисерот Рајан Свитинг, за списанието „Космополитен“ зборувала за својот физички изглед и признала дека има импланти на градите.
По неколку години шпекулации околу тоа дали била „под нож“, Кејли открила дека градите ги зголемила на 18 години.
– Тоа беше најдобрата одлика што некогаш сум ја донела!- рекла таа.
Актерката не крие дека е зависник од коментари на социјалните мрежи.
– Кога почнав да обрнувам внимание на коментарите, сфатив дека можеби треба да вложам повеќе напор во својот изглед и дека во јавноста морам поретко да се појавувам во опуштени чизми, и почесто да бидам нашминкана. Тогаш почнаа да пишуваат дека сакам да позирам и дека конечно сум се исчешлала. Тогаш се запрашав зошто воопшто го читам сето тоа- изјавила Кејли, но во таа прилика признала и дека не може да стане имун на коментарите иако постојано се обидува.