Уредничката на најпопуларното модно списание во светот „Вог“, Ана Винтур неверојатно се најде себеси во вториот ред на модната ревија на Валентино во Париз.
Како познавач на модата, која ги диктира трендовите во текот на годините, на Ана отсекогаш и било загарантирано место во првиот ред на сите модни ревии.
За работата да биде уште полоша, пред Ана седел нејзината заменичка во „Вог“ Грејс Кодингтон, која земала белешки.
Според некои извори, Ана го препуштила своето место во првиот ред на нејзината вработена, Сари Мовер, која наводно ја оценувала ревијата за нивниот официјален сајт.