The Prodigy и Warriors Dance фестивалот на Егзит

За прв пат во историјата на „EXIT“, ќе биде одржан уште еден, „внатрешен фестивал“. „Warriors Dance“ фестивалот кој во претходните неколку години собра повеќе стотици илјади луѓе од три различни континенти, ќе биде одржан на 12 јуни, на Петроварадинската тврдина во рамките на фестивалот „Егзит“.

Како дел од овој фестивал ќе настапат и момците од култниот состав „The Prodigy“, кои воедно се и основачи на фестивалот, а покрај нив на сцената ќе застанат и веќе најавените DJ Fresh, Feed Me, The Protoypes, Brookes Brothers, како и составите South Central и Eyesburn.

„Белградскиот „Warriors Dance“ фестивал беше неверојатно искуство“, се наведува во соопштението на The Prodigy. „Добивме илјадници писма од фановите кои инсистираа Warriors Dance и оваа година да се случи во Србија, и немаше подобро решение од тоа годинашното издание да го одржиме во рамките на Егзит, еден од најпризнатите светски музички фестивали.“

„Многу сме горди што еден од најзначајните светски бендови на сите времиња ќе се приклучи во тимот на Егзит. Посебна ексклузива дава фактот што ова издание на Warriors Dance фестивалот на Егзит, ќе биде единствено издание на овој фестуивал кој ќе се одржи на европското тло во 2013 година“, изјавил Иван Милојев, еден од основачите на Егзит.

[youtube]http://youtu.be/6q_gB1Nlo4Q[/youtube]

- Реклама -