„The Great Gatsby“ ќе го отвори фестивалот во Кан

Филмскиот фестивал во Кан оваа година ќе го отвори екранизацијата на еден од најдобрите американски романи на 20. век – „The Great Gatsby“.

Организаторите на фестивалот во Кан најавија дека „The Great Gatsby“ на австралискиот режисер Баз Лурман со Леонардо ДиКаприо во главната улога ќе го отвори овогодишното издание.

Лурман нагласил дека филмот има и „француска врска“ имајќи предвид дека Скот Фицџералд напишал некои од највпечатливите и најубави делови од „The Great Gatsby“ во вила на француската ривиера во близина на Кан. Во филмската адаптација на романот од 1925 година играат и Тоби Мегваер, Кери Малиган…

[youtube]http://youtu.be/TaBVLhcHcc0[/youtube]

Романот на Ф. Скот Фицџералд го прикажува американското друштво по Првата светска војна, исполнето со организиран криминал, прохибиција и материјализам.

66-годишниот американски режисер Стивен Спилберг ќе го предводи жирито на 66. издание на фестивалот што ќе се одржи од 15 до 26 мај.

- Реклама -