Тест на Кембриџ, покажува што знае „Фејсбук“ за вас

Ви се случило ли да отворите нечиј профил на социјалната мрежа и да дознаете многу работи за таа личност?

Веројатно судите врз основа на профилната фотографија и интересите кои се наоѓаат на листата. Доколку личноста ви е пријател, некогаш е доволно да ги погледнете последните три објави и да создадете слика за тоа колку ви одговара овој човек.

Научниците од универзитетот Кембриџ, отидоа чекор подалеку креирајќи веб апликација, под името Apply Magic Sauce, која што врз основа на вашиот профил на „Фејсбук“, ви прави психолошки профил.

Потребно е само да се логирате на страната по пат на вашиот „Фејсбук“ и да проверите дали овој тест може да ве процени подобро и од вашите пријатели.

Тестот е направен врз основа на вашите допаѓања на она што е објавено на социјалната мрежа.

Истиот ќе потврди колку сте интелигентни, понатаму вашата политичка, религиозна или сексуална оријентација, но ќе направи и проценка на вашите афинитети.

Во иднина овој тест, како што тврдат научниците, може да се користи за предвидување на злочин што планира да го изврши одреден корисник на мрежата и слични активности.

За да го направите тестот, кликнете ТУКА.

- Реклама -