Тест: Дали сте самобендисани?

„Нарцисизмот е карактеристична црта на луѓето кои имаат иницијалниот и амбиција да станат лидери”, вели Кит Кемпбел, психолог од Универзитетот во Џорџија, САД.

Многу од денешните светски познати личности манифестираат исклучителен нарцизам, кој одиграл улога и за нивниот успех.

Егоцентричноста сепак има еден голем недостаток – доведува до трајно повисоки нивоа на стресен хормон кортизол, кој го зголемува ризикот од инфаркт и мозочен удар, особено кај мажите.

Психолозите забележуваат седум карактеристики на нарцисоидна личност – тестот подолу ја мери секоја од нив. Видете дали имате потреба да ја зголемите самодовербата или е  време да сфатите дека одредена доза скромност нема да ви наштети.

1. Авторитет

а) Имам вроден талент да влијаам на луѓето.
б) Не успевам да влијаам врз другите.

2. Самодоволност

а) Ретко зависам од кој и да било друг.
б) Понекогаш ми се наметнува да се потпрам на туѓа помош, за да се справам со работите.

3. Чувство за супериорност

а) Верувам дека сум посебна личност.
б) Не сум ниту подобар ниту полош човек од останатите.

4. Егзибиционизам

а) Можам да преземам речиси секаков ризик ако ме предизвикаат.
б) Обично сум прилично внимателен човек.

5. Тенденција кон експлоатација

а) Може да се извадам со „приказни“ од секоја ситуација.
б) Се обидувам да ги прифаќам последиците од своето однесување.

6. Суета

а) Не сакам особено многу да го покажувам своето тело.
б) Ми се допаѓа да го покажувам своето тело.

7. Владеење

а) Мислата за доминација ме плаши.
б) Светот би бил поубаво место, ако владеам јас со него.

Клуч:

Ако сте одбрале одговор “а” на прашања 1, 2 и 3, имате висок резултат на скалата на позитивните нарцистички црти – авторитетот, самостојноста и чувството на супериорност.

Ако сте одбрале “а” на прашања 4 и 5, или “б” на 6 и 7, имате висок резултат според скалата на суета, егзибиционизам, склоност кон експлоатирање на другите и чувство за владеење. (Нездрави карактеристики кои истражувачите ги поврзуваат со поголем ризик од прерана смрт).

- Реклама -