Во прозорецот на Вашата соба еднаш долетала сина птица и паднала во стапицата меѓу предметите во домот. Нешто ве привлекло кај неа и одлучувате да ја задржите кај себе. За ваше најголемо изненадување, следниот ден птицата ја сменила бојата – веќе станала жолта! Оваа необична птица ја менува бојата секоја ноќ – утрото на третиот ден таа станала изразено црвена, а на четвртиот ден станува апсолутно црна.
Каква боја ќе има птицата кога се разбудите петтиот ден. Каква вие би сакале да има?
Изберете еден од одговорите:
• Птицата не ја менува повеќе бојата и останува црна.
• Птицата ја враќа својата првична боја и станува сина.
• Птицата станува бела.
• Птицата станува златна.
Одговори:
Птицата која влегла низ прозорецот на Вашата соба, се чинела како симбол на среќа, но неочекувано таа ја променила бојата. Вашата реакција на оваа ситуација покажува како Вие реагирате на тешкотиите и на несигурноста во реалниот живот.
Црна птица
Оние кои одговорија дека птицата останува црна, гледаат на животот песимистички. Дали сте подготвени да се откажувате, веднаш штом еднаш ситуацијата станува влошена? Можеби е потребно да мислите во насока: ако сè е толку лошо, зар може да биде полошо. Запомнете дека нема дожд, кој не запира, и нема ноќ, по која што не настапува утро.
Сина птица
Оние кои рекле дека птицата станала повторно сина, се практични оптимисти. Ти веруваш во тоа дека животот е мешавина од убаво и лошо и дека не вреди човек да се бори со оваа реалност. Вие ги прифаќате неприликите мирно и им дозволувате на работите да одат по својот ред без непотребна анксиозност и стрес. Овој поглед на животот Ви овозможува да не довзолите на брановите да ве однесат, во моментот кога настапува бура.
Бела птица
Оние кои замислија дека птицата станала бела, кога се наоѓаат под притисок се однесуваат мирно и решително. Вие не губите време за немири и неодлучност, дури и кога ситуацијата станува кризна. Ако ситуацијата станува премногу лоша, Вие чувствувате дека е подобро навреме да го прекаратите тој непрофитабилен потфат и да побарате друг пат кон својата цел, отколку да заглавите со непотребна мака. Овој пристап значи дека сè станува по природен пат и како што вие сакате.
Златна птица
Оние кои рекле дека птицата станала златна, можат да бидат опишани со зборот „бестрашни”. Вие не знаете што е притисок. За Вас секоја криза е поволна можност. Можат да ве споредат со Наполеон, кој рекол: “… Невозможно – тоа не е француски збор”. Но, бидете внимателни, не и дозволувајте на својата безгранична доверба да ве совлада. Границата помеѓу бестрашност и непромисленост е многу тенка.