По триесет години кариера, телевизиската легенда Дејвид Летерман се пензионира.
Во своето ‘The Late Show’ американската телевизиска куќа CBS, познатиот водител Дејвид Летерман пред многубројната публика објави дека се повлекува од малите екрани на крајот на оваа година.
Оправдувајќи се на публиката, рекол дека е речиси 67 години и се обидува да помине повеќе време со своето семејство. Публиката мислела дека се шегува, бидејќи рекол: „Конечно јас и Пол ќе се венчаме.“
Летерман, исто така е најстариот лидер во тој жанр на американската телевизија. Тој започнал како водител кога имал 34 години и смета дека веќе половина живот е во популарната емисија и дека е време за нова надеж.
Водителот ја започнал својата холивудска кариера како стенд-ап комичар во доцните 1970-ти години, каде се појавил неколку пати во емисијата ‘Tonight Show’ на Џони Карсон.
Тој го добил утринската емисија во 1980 година, и ја започнал кариерата во доцните часови во 1982 година на NBS со емисијата ‘Late Night’ со Дејвид Летерман. Единаесет години подоцна, наградуваниот и надолотрајниот Летерман се преселил на CBS каналот со емисијата ‘The Late Show’ со Дејвид Летерман.
Како што наведуваат од CBS „Дејвид Летерман нашата телевизиска куќа ја почестил со духот, виталноста и сјајот, кој е еднинствен во историјата на медиумот.“