Со оглед на тоа што познатите глумици, пејачки и манекенки се големи љубители на сите актуелни трендови, неретко се случува на улиците на светските метрополи да се појават последните новитети од модните писти.
Уште минатата сезона, во нашите ормари повторно се вратија трегерите, комбинизони од тексас кои ги носевме како деца, а денес со стил ги носат познатите дами.
Ова лежерно парче совршено им послужило за сите дневни комбинации, кои ги поврзуваат со работата и семејството. Трегерите се универзално парче, кое може да се комбинира баш со се, а тоа го демонстрираа овие денови на улиците во Њујорк и Лос Анџелес Оливија Палермо, Алесандра Амброзио, Хилари Даф и многу други.
На која и стоjaт најдобро?