Познатата кантри пејачка, Тејлор Свифт не смета дека изгледа убаво без црвен кармин. 24 годишната ѕвезда е позната со опсесијата кон црвената боја и многу ретко се фотографира без цреша боја по усните.
„Едноставно сметам дека моето лице изгледа полошо без црвен кармин, не се чувствувам убава. Тоа е единствената причина поради која што речиси секогаш го носам “, признава Тејлор.
Русокосата убавица вели дека се шминкала на сите начини, но црвената боја на усните е секогаш присутна, како главен акцент.
Со исклучок на злогласниот кармин, Свифт негира дека во моментов поседува цел несесер со различна козметика.