Во денешната статија ќе обрнеме внимание на уште една ѕвездена модна битка.Овој пат една против друга застануваат нежната свршеница на Џорџ Клуни – Адвокатката Амал Аламуддин, и пејачката Тејлор Свифт.
Она што ги соочи двете познати дами, е фустанот од овогодинешната пролетно / летна колекција на Oscar de la Renta.
Прва се појави во него русокосата убавица Тејлор Свифт. Таа ја одбра оваа стилска облека за прошетка низ улиците на Менхетен.
Друштво на волшебната тоалета на Тејлор и правеа зелените чевли и торбичка во иста боја.
Неколку месеци подоцна во Фиренца со истиот летен фустан беше забележана и идната сопруга на Џорџ Клуни – Амал. Амал Аламуддин изгледаше одлично до привлечниот иден сопруг и облечена во прекрасниот дизајн кој се надополнуваше од жолти потпетици и бела чанта од Salvatore Ferragamo.
Со нетрпение очекуваме да дознаеме според вас на која од двете дами и одговара повеќе цветниот фустан, дело на Oscar de la Renta?