Додека Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се на турнеја во Австралија, другиот дел од кралското семејство доби лоши вести.
Сопругата на принцот Чарлс, Камила, добила ненадејна и тажна вест.
Братот на Војвотката од Корнвол, Марк Шанд, ненадејно починал во Њујорк. Причината за предвремената и ненадејна смрт е всушност прилично банален бидејќи Марк едноставно се лизнал додека излегувал од ротирачката врата од хотелот, и со главата удрил на тротоарот. Братот на Камила сакал да запали цигара пред да оди на аукција, но таа цигара скапо го чинела. Итно бил однесен во болница по падот, но не можело да му се помогне.
На крај починал од последицата на несреќата само 12 часа по ударот. Имал 62 години, а Камила е целосно уништена поради изнанадната смрт на својот брат. Кларенс Хаус која наведува дека “Марк Шанд бил весел човек и неуморен во помагањето на другите“.
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам испратиле порака со сочувство до семејството на Камилија од далечната Австралија.