Таткото на познатата холивудска актерка Никол Кидман загина во несреќа во Сингапур.Како што пишуваат медиумите, д-р Антони Кидман бил во посета на сестрата на Никол, Антониа Кидман.
Тој работел како клинички психолог во Кралската болница во Сиднеј и директор на катедрата за психологија при тамошниот Универзитет.
Актерката Никол Кидман во јануари на црвениот килим во Мелбурн се појави со таткото и сопругот Кит Урбан.
И двајцата биле многу блиски.